За Нас


РИ ЕП ДОО


      Е компанија која поседува рудник за травертин и два погони за преработка. Компанијата активно се занимава со експлоатациjа на травертин и негова преработка од 1995 година. Во 1997 година е изграден погон за призводство на масивни елементи кои се применети во употреба на преку педесет цркви и џамии во Македонија.


     Во 2000 година е изграден вториот погон кој е специјализиран за производство на плочи и плочести материјали со капацитет од 50.000 метри квадратни на годишно ниво.
РИ ЕП ДОО е извозно ориентирана компанија која има испорачано материјали за бројни објекти во земјите на Европската Унија, Холандија, Република Чешка, Република Словачка, Бугарија, Унгарија , Австрија како и во Србија.


Во 2015 година рудникот е опремен со нови модерни, современи машини за експлоатација на травертин. Рудникот поседува и машини за производство на травертински блокови.
Вредните раце на нашите вработени го обликуваат каменот и со тоа му даваат нов живот. Искуството и знаењето се одлики на нашите вработени со кои се гордее нашата фирма.
Годишниот капацитет на производство изнесува 2000м3 блокови за продажба, како и 8000м3 блокови томболини.

Каталог

Наша цел е во Вашиот дом, зграда, улица, деловен простор, шопинг центар, ресторан, хотел, банки да создадеме место на обожување, создадено од камен кој ќе сјае и ќе биде вечен.

Нашите Пријатели/Партнери